SYSTANE™– Лубрикантни капки за очи се употребуваат како терапија на суво око за привремено ослободување на жарење и иритација поради сувост на око.
КОНТРАИНДИКАЦИИ (Причини да не се употребува): Луѓето кои се алергични на било која составна компонента во SYSTANE™– Лубрикантни капки за очи не треба да го користат овој препарат.
НАЧИН НА УПОТРЕБА: SYSTANE™ – Лубрикантни капки за очи можат да се користат по потреба во текот на денот. Може да се употребуваат во терапија на суво око поврзана со употреба на контактни леќи со капнување на капките пред ставање и по вадење на контактните леќи. Капнете ги во окото и трепнете.
СОСТАВ: SYSTANE™ – Лубрикантни капки за очи е стерилен раствор кој содржи полетилен гликол 400, пропилен гликол, хидрокси пропил гуар, борна киселина, калциум хлорид, магнезиум хлорид, калиум хлорид, натриум хлорид, цинк хлорид и POLYQUAD 0,001% како конзерванс.