Вендоксин гел е природен хербален производ на база на органски сертифицирани билни екстракти од див костен, ајдучка трева, жолта комунига, здравец и невен, наменет за нега на кожата кај проширени вени и испукани капилари, уморни и отечени нозе, напнатост во мускулите и модринки. Благодарение на присуството на ментол и дејството на ладење, Вендоксин гелот овозможува моментално олеснување и чувство на леснотија.
ДЕЈСТВО на Вендоксин® гел
Билните состојки во Вендоксин® гелот помагаат за отстранување на болка, отоци, грчеви, тешки и уморни нозе и моментално ја подобруваат циркулацијата, особено во состојби надолгорочно мир ување, седење, стоење и слаба циркулација. Делуваат антивоспалително и вазопротективно, ги зајакнуваат ѕидовите на венските крвни садови, ја намалуваат чувствителноста и пропустливоста на капиларите, спречуваат настанување на отоци, ја забрзуваат венската циркулација, го подобруваат протокот на крв, го намалуваат црвенилото кај воспалени вени и ја ревитализираат кожата.
Вендоксин® гелот се препорачува кај сите тегоби на хронична венска инсуфициенција:
- проширени вени, појава на испукани капилари, пореметување на периферната
- циркулација, предварикозен синдром, постфлебитички синдром, површинска тромбоза,
- флебитис, тромбофлебитис, бурситис и тендовагинитис. Ефикасен е во случаеви на
- спортски и други повреди (нагмечување, изместувања, истегнување на мускулни тетиви и зглобни лигаменти и хематоми).
- Со секојдневна употреба се одржува кожата, се подобрува циркулацијата и се решаваат
- проблемите со проширени вени, испукани капилари и модринки.
УПОТРЕБА на Вендоксин® гел
Вендоксин® гел се нанесува во тенок слој два до три пати дневно, со благо триење.
За најдобри резултати во исто време употребувајте Вендоксин® гел и Вендоксин® капки.